И за битолчани најголем проблем невработеноста

0
2139

Невработеноста е главен проблем со кој што се соочува и битолската младина. Беше речено на форумот на кој се разговараше за потребите и приоритетите на младите во локалната заедница со можност за зголемување на соработката помеѓу локалните власти од една страна и младите од друга страна.

– Ваквите форуми имаат за цел отворена дискусија за потребите и приоритетите на младите во локалната заедница, исклучително е значајно  што сите присутни на овој форум без разлика на тоа од каде доаѓаат да слушнат кои се ставовите  и приоритетите на младите и да се заложат дека ќе помогнат во подобрување на состојбите, додека како најголем проблем се смета невработеноста , изјави Мартин Алексоски, координатор за истражување во НМСМ.

Заклучија дека сите засегнати страни треба да ги земат во предвит приоритетите и потребите на младите и да вложат маскимум напори во насока на реализација.
Инаку Битола има своја Локална стратегија за млади од 2014- до 2019 година во која се дефинирани приоритетните подрачја на делување .

Но и покрај оваа стратегија младите во Битола секојдневно се соочуват со предизвици кои за време на локални младински дискусии кои се одржуваа во декмври, ги истакнаа со надеж дека ќе се земат во предвид и ќе водат до подобрување на квалитетот на живот на младите битолчани.