Ибрахимовиќ обвинет за допинг во периодот минат во Јувентус

0
327
Bayern Munich's Roy Makaay (2ndR) watches Juventus' Swedish forwarder Zlatan Ibrahimovic jumping for the ball during their Champions League group C match at the Olympic stadium in Munich, Germany, November 3, 2004. REUTERS/Kai Pfaffenbach REUTERS

Улф Карлсон, поранешен шведски атлетски тренер, го обвини најдобриот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ дека во минатото користел недозволени сретства.

Карлсон е убеден дека Ибрахимовиќ користел допинг, во време кога бил играч на Јувентус (2004-2006).

„Златан доби десет килограми мускулна маса за само шест месеци во Јувентус. Невозможно е да се направи тоа за толку кратко време“, рекол Калсон, кој смета дека недозволени сретства користел и Албин Екдал.

Обвинувањата на Карлсон од Фудбалскиот сојуз на Шведска ги нарекоа апсурдни.

„За вакви работи не се зборува без конкретни докази. Тоа е она што нé изненадува. Не сакаме да шпекулираме зошто Карлсон тоа го рекол, но апсурдно звучи“.