Ибраимовски се качи кај Ромите на Баирот

0
5251

Ќе се чисти од депонијата патниот правец А3 Прилеп- Битола-Ресен , над ромската населба Баир во Битола. Вака денес рече министерот без ресор Самка Ибраимовски кој додаде дека тоа заедно го договориле со директорот на Македонија пат. На патниот правец вообичаена слика, на која што веќе долго време реагираат граѓаните. Голема депонија од најразлични отпадоци и секаков вид на ѓубре која што тогаш некој ја запалил.

-Се договоривме заедно со директорот на Македонија пат да ја расчистиме депонијата на овај патен правец. Во наредниот период ќе направиме и проект за заштита на населението. Очекувам населението во наредниот период овде да не фрла отпадоци, изјави Самка Ибраимовски, министер без ресор задолжен за стратегија на Ромите

Секојдневна е информацијата на Aвтомотосојузот на Mакедонија дека патот е затворен за соoбраќај и дека свлечиштето е расчистено, но од превентивни причини патот останува затворен за сообраќај. Го прашавме министерот кога ќе биде пуштен за сообраќај патниот правец и која е причината што толку долго време е затворен.

– Поради предизборниот период толку долго е затворен патот за сообраќај, рече Ибраимовски

Од Здружението Рома СОС со најава дека ќе поднесат писмо до министерството за транспорт и врски за да се постави звучен ѕид на двете страни од патот за поголема безбедност на населението.

-Покрај акцијата за расчистување на депонијата ќе се залагаме и за заштитна ограда. Бидејќи како што можете да забележитње самиот пат е ризик за безбедноста на децата , кои што живеат од едната и другата страна на патот, и уште денес ќе поднесеме писмо до Министерството за транспорт и врски за поставување на заштитна звучна ограда на двете страна од патот, со цел да се обезбеди поголема сигурност на децата, рече Несиме Салиоска, Рома СОС-Прилеп

Министерот вети дека патниот правец А3 Прилеп- Битола -Охрид ќе биде исчистен од депонијата во овие два дена.

Без коментари