ИД ја презеде одговорноста за експлозијата во Багдад

0
282
Iraqi security forces gather at the site of a bomb attack near the Labor Ministry building in Baghdad, Iraq, Tuesday, Dec. 8, 2009. An official at Iraq's Interior Ministry says dozens have been killed in a series of coordinated blasts around Baghdad. (AP Photo/Hadi Mizban)

Исламска држава ја презеде одговорноста за денешната експлозија во Багдад, во која според последните податоци загинаa 50 лица, а над 60 се ранети.

Пикап со експлозиви експлодираше во близина на салон за убавина на фреквентен пазар во шиитскиот кварт Садр.

Повеќето од жртвите се жени, а многу од ранетите се во критична состојба, соопштија болнички и полициски извори.

Медиуми, блиски до ИД јавија дека цел на нападот на бомбашот-самоубиец била средбата на борци од шиитските милиции.