ИД ја презеде одговорноста за нападот на концертот во Манчестер

0
600

Екстремистичката група Исламска држава (ИД) во изјава објавена на нејзините канали на социјалните мрежи соопшти дека еден од нејзините членови го извршил нападот на 22 мај на концертот во англискиот град Манчестер во кој загинаа 22 лица, пренесуваат Ројтерс и Асошиејтед прес.

Во изјавата се вели „еден од војниците на калифатот постави бомба меѓу толпата“, а има и закани за нови напади.

Нападот се случи вчера околу 21 часот и 45 минути по локално време во моментот кога луѓето излегувале од Манчестер Арената каде што американската поп пејачка Аријана Гранде имаше концерт.