ИД Киднапира 182 деца во Мосул

0
233

ИД киднапира 182 деца во Мосул и ги обучува за бомбаши самоубијци. Како што пренесуваат светските медиуми, киднапираните деца во северниот ирачки град Мосул припадниците на ИД планираат да ги обучат да бидат милитанти, како и да ги користат како бомбаши самоубијци.

-Во минатите неколку дена, џихадистите киднапираа 182 деца во градот Мосул. Децата се префрлени во центрите за идеолошка обука и ракување со оружје и експлозиви, рече претставникот на Курдистантската демократска партија во Мосул, Саид Мамузини.

Исламската држава контролира поголеми делови од територијата на Ирак и Сирија а градот Мосул го завземаа во јуни 2014-та година после пребегувањето на ирачката војска.