ИД објави видео од ланскиот масакр во Тикрит

0
219

Милитантната група на Исламската држава објави претходно невидени видео снимки од својот масакр во јуни 2014 година, врз претежно шиитски воени регрути во Тикрит. 22-минутното видео објавено вчера на интернет на милитантните форуми, вклучува претходно невидени снимки кои обезбедуваат дополнителни докази за обемот на злосторството. Вооружено лице на ИД, егзекутира околу 1700 кадети заробени во воената база Спицер во близина на Тикрит во северен Ирак, во текот на летото во 2014 година. Многумина беа убиени во комплексот на поранешната претседателска палата на Садам Хусеин во Тикрит. Претходно невидените снимки покажуваат како жртвите се изјаснуваат за животот и егзекуции на индустриско ниво. Како жртвите паѓаат од дампери и како лежат во масовни гробници пред да бидат убиени еден по еден. Видеото беше објавено четири дена откако судот во Багдад осуди 24 лица на смрт со бесење.