ИД обучува пилоти со најмодерни авиони-симулатори во градот Сирт

0
366

Терористичката група Исламска држава (ИД) обучува пилоти со најмодерни симулатори за управување со воени авиони во либискиот град Сирт, пишува весникот „Аш Шарк ал аусат“.

Според извор на весникот, „машините се нови, најверојатно увозни“ и со нивна помош идните пилоти на терористите се учат да полетуваат и слетуваат, да ја определат својата позиција по широчина и должина, да воспостават врска со командно-контролните пунктови.

Меѓу борците на ИД има голем број поранешни офицери, како од Либија така и од соседните земји, кои ги обучуваат терористите, наведува „Аш Шарк ал аусат“. Весникот тврди дека првите симулатори за обука на пилоти на патнички авиони пристигнале во Либија во октомври, а пред две недели пристигнале и машини за управување на воени авиони.

Без коментари

LEAVE A REPLY