ИД потврди дека „Џихадистот Џон„ е убиен во напад со беспилотно летало

0
334

Eден од најозлогласените терористи на Исламска држава, Џихади Џон, е убиен во воздушен напад во Сирија. Тој бил  убиен во напад со дрон во сириското терористичко упориште Рака,  уште во ноември, но информациите се потврдени дури сега.

Терористичката организација во изданието на онлајн списанието Дабик објави проштален текст за џихадистот, чие вистинско име е Мохамед Емвази.

Американската армија уште во ноември објави дека извела воздушен напада во Сирија чија примарна цел бил борецот на Исламската држава, во медиумите познат како Џихади Џон, и оти е речиси сигурна дека тој е убиен во близина на Рака, главниот град на таканаречениот „Калифат“ на џихадистите во истоимената сириска покраина.

Без коментари

LEAVE A REPLY