ИД повикува на напади во Русија

0
420

Деветминутно видео објавено на Јутјуб повикува милитанти на Исламската држава да изведуваат напади во Русија. На видеото се гледа маскиран човек во автомобил кој извикува: „Слушај Путин, ќе дојдеме во Русија и ќе ве убиваме во вашите домови“. До објавувањето на видеото дојде откако Русија и САД почнаа интензивно да соработуваат против милитантите на ИД и на Ал Каеда во Сирија.