ИД тврди дека го погубиле Хрватот Томислав Салопек

0
299

Томислав Салопек, хрватскиот државјанин кој беше киднапиран во Египет од страна на екстремистите на Исламска држава е погубен на непозната локација, пренесуваат сите светски медиуми.

Франс Прес, Ројтерс, Асошиејтид Прес информираат дека Исламска држава на својот Твитер-профил објавила фотографија за која тврди дека е обезглавеното тело на Салопек. На фотографијата се појавува и натпис: Ова е убиството на хрватскиот заробеник, поради учество во вонјата против Исламска држава.

Хрватското министерство за надворешни работи се уште не ја потврдува информацијата, но ако ова брутално погубување од страна на Исламска држава биде потврдено, тоа ќе биде девета егзекуција со одсекување на глава државјанин на некоја од западните земји.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ за попладнево најави прес конференција, а шефицата на државата Колинда Грабар Китаровиќ ги откажа сите активности.

Томислав Салопек, кој работеше за француската компанија Женерал де жеофизик беше киднапиран во Каиро на 22 јули. Минатата недела египетските власти покренаа голема офанзива во надеж дека ќе го пронајдат и ќе го спасат.

Без коментари

LEAVE A REPLY