ИД убиле 250 деца, а родителите ги изгореле во печка

0
280

Нов извештај за убиствата на „Исламска држава“  открива дека џихадистите убиле над 250 деца, а нивните родители се изгорени живи.

Алис Асаф, Сиријка во интервју за хуманитарната организација „Патот на успехот” зборува за злосторствата на ИД во градот Дума, пред две години од каде побегнала.

Алис раскажува дека џихадистите ги обезглавуваат децата пред очите на нивните родители.

„Џихадистите фатиле 6 мажи кои работеле во локалната пекарница, и ги запалиле во печка. Ние ги знаевме”- се сеќава Алис.

Додава дека џихадисти фатиле 250 деца и ги убиле со индустриската машина за месење тесто во пекарата.