Идентификуван и третиот терорист од Батаклан

0
343

Француската полиција го идентификува и третиот кој учествувал во терористичкиот напад во концертната сала Батаклан во Париз минатиот месец.
Според информациите од истрагата, се работи за 23 – годишниот Фуед Мухамед Агад од Стразбур, кој од крајот на 2013 година престојувал во Сирија со брат му и со група пријатели.

Повеќето од нив се уапсени минатата пролет, по нивното враќање во Франција, но Агад останал во Сирија. Идентификуван е така што неговата ДНК е споредена со ДНК примероците од неговото семејство.

Останатите двајца напаѓачи се Омар Ислаил Мостефаи и Сами Амимур.

Само во салата Батаклан, на 13 ноември беа убиени 90 луше, а во терористичките напади настрадаа вкупно 130 луѓе.