Идентификувани хемиски маркери за дебелина

0
169

Научниците идентифицирале хемиски маркери во урината коишто се поврзани со телесната маса и нудат индиции зашто дебелите луѓе се понаклонети на развој за заболување како што се мозочен удар, карцином, дијабетес или срцеви болести, се наведува во студијата објавена во магазинот Science Translational Medicine.

Овие резултати би можеле на истражувачите, исто така, да им помогнат при идентификување коешто го имаат таканаречените „метаболички потпис“ за дебелина но немаат вишок килограми, велат научниците сугерирајќи дека би можело да се пронајдат начините на тие лица да им се спречи развојот на прекумерната тежина и другите заболувања од пореметениот метаболизам.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), во 2014 годна 13 отсто од возрасната популација во светот биле дебели. Според податоците за 2013 година, околу 42 милиони деца помлади од пет години веќе го имале овој проблем.

Урината содржи разни хемикалии, метаболити, коишто настануваат како резултат на биохемиските процеси во организмот. Благодарејќи на технологиите коишто можат да ги анализираат метаболичките содржини на примерок на мочката научниците може да добијат многу податоци за генетската градба и за животните навики на едно лице.

За споменатото истражување научниците од Кралскиот колеџ во Лондон анализирале примероци на урината на повеќе од 2.000 доброволци во САД и во Велика Британија. Тие откриле 29 различни метаболички продукти чиишто нивоа се поврзани со телесниот индекс на некое лице. Некои од тие метаболити се производ од бактериите кои живеат во цревата, велат научниците нагласувајќи ја нивната потенцијално важна улога во развојот на потенцијално важна улога во развојот на прекумерната тежина.

„Нашите резултати укажуваат на тоа дека примерок од метаболичките маркери во урината се поврзани со прекумерната телесна тежина. Би можеле да ги идентификуваме луѓето кои немаат прекумерна тежина, а имаат такви примероци во својата урина. Кај тие луѓе постои опасност од развој на прекумерна тежина и метамолички заболувања“, вели Пол Елиот од лондонскиот Кралски оддел за епидемиологија и биостатистика, кој исто така учествувал во истражувањето. Според него тоа бил можело да биде од полза при персонализираниот и превентивен пристап на лекувањето.