Иднината на Либија под закана од ИД

0
375

Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун предупреди дека е загрозена иднината на Либија и стабилноста на целиот регион Сахел бидејќи се соочуваат со „застрашувачка закана“ од Исламска држава.

Бан во Нуакшот на состанокот со лидерите на Мавританија изрази длабока загриженост поради ситуацијата во Либија.

– Постојат алармантни извештаи за распространето кршење на човековите права, вклучително и сериозни повреди кои можат да достигнат размери и на воени злосторства, посочи Бан.

Тој додаде дека сите кои имаат влијание мора да го искористат за да ја смират ситуацијата и да ги запрат борбите во Либија.

Без коментари

LEAVE A REPLY