Ифтар во Битола

0
9205

Околу 2000 верници синоќа на отворено во населбата Довлеџик се собраа на традиционалниот Ифтар . Молитвата кон Аллах  го означи стартот на рамазанскиот Ифтар.   Освен верници од Битола , имаше гости од општина Бајрам паша од Турција, која заедно со битолското муфтиство традиционално секоја година го организира Ифтарот.

-Зошто се нарекува Ифтар, бидејќи само постачот може да може да го осети она чувство на убавината како се поставува софрата на Ифтар. Цел ден си постел, а вечерта се става софра на Ифтар. Верникот ќе осети две големи задоволства, првото е во сверата на Ифтарот, второто е средбата со неговиот господар во рајот. Тоа е тоа што го сочинува Ифтарот толку богат, и во овај месец на Рамазан нема куќа, нема улица каде не се прославува Ифтар, изјави Амит Расими, муфтија.

Околу 100 луѓе, неколку медиумски куќи и 10 новинари дојдоа од општина Бајрам паша и од Истамбул . Преку телевизиски пренос медиумите ја пренесоа атмосферата на нивните гледачи .

Меѓу присутните и градоначалникот Талески, кој рече дека Битола е место кое што секогаш во историјата ги врзувало различните култури.