Игор Дурловски за местото на директор во МОБ.и уметничките ангажмани

0
1606

Оперскиот првенец басот Игор Дурловски, новиот директор на Македонската опера и балет, во Битола гостуваше по повод настапот во сценската кантата Кармина Бурана.

Тој на местото директор на МОБ.,доаѓа после оперскиот режисер Дејан Прошев, кој со МОБ раководеше од декември 2010 година.

 

Искуството што го има стекнато во оперски куќи со високо европско и светско реноме, на Дурловски му овозможуваат да ги согледа реалните услови и карактеристиките на културниот амбиент во земјава, како и можностите за развој на оперско-балетската дејност.

Тој има европска кариера, градена во изминативе 15 години на сцените во Германија и во Австрија.

Дурловски уште со неговото деби на матичната сцена во МОБ во 1999 година станува миленик на публиката и на критиката. Бележи ангажмани како солист на државните театри во Касел, Лајпциг, во Мунстер, Нортхаузен, на Државната опера во Штутгарт и на Бајројтскиот фестивал во Германија, како и во Државниот театар во Линц (Австрија), Виенската камерна опера и многу други.

Периодов настапува во Риголето, а потоа следува настапот во Турандот.