„Игра на престолите“ прогласен за најдобар драмски серијал

0
372

Во Лос Анџелес се одржа 67. по ред доделување на телевизиските награди Еми, а водител на манифестацијата беше Енди Самберг.

За најдобар драмски серијал беше прогласена серијата „Игра на престоли“ и иако серијата се емитува веќе пет години, прв пат освојува Еми во оваа категорија. Популарната серија освои Еми награди и за најдобра режија и за најдобро сценарио, а актерот Питер Динклиџ што го толкува ликот на Тирион Ланистер ја освои наградата најдобра машка споредна улога. Освен тоа, добивме и навестување дека Џон Сноу е жив.

Наградата за најдобра комедија ја освои серијата „Потпретседателка“(Veep), каде главната улога ја толкува Џулија Луис Драјфус.

За најдобра актерка во драмски серијал е прогласена Виола Дејвис за улогата во „Како да се извлечеш со убиство“ ( How to Get Away with Murder ), додека со Еми награда за најдобра машка улога во драмски серијал се закити Џон Хам за улогата во „Мажите од Менхетен“ (Med Men).

Џилија Луис Драјфус ја освоила Еми наградата за најдобра главна женска улога во комедија, за серијата „Потпретседателка“(Veep), а за најдобра машка главна улога во комедија ја освоил Џефри Тамбор за „Трансродител“(Transparent).

www.mkd.mk