Игуаин: Среќен сум во мојот нов клуб

0
352

Напаѓачот на Јувентус Гонзало Игуаин призна дека е многу среќен во Јувентус и не жали за изборот да заигра за „бјанконерите”.

Аргентинецот ја објасни љубовта кон „Старата Дама” по убедливиот успех со 4:0 над Динамо (Загреб) во средба од групната фаза на Лигата на шампиони. Еден од погодоците за неговата екипа постигна токму Игуаин, кој беше донесен во текот на летото од Наполи.

„Влегувам во се подобра форма. Се чувствувам прекрасно на Торино. Уште од првиот ден секој во Јувентус ме тераше да се чувствувам како многу посебен и посакуван гостин. Многу се радувам на тоа”, изјави Игуаин за клупскиот сајт. Според него натпреварот во Загреб бил потежок отколку покажува крајниот резултат. „Во Загреб се игра прилично тешко, но сега го забораваме овој натпревар и се концентрираме на претстојниот со Емполи од Серија А”, додаде Аргентинецот.