Икер Касиљас е нов рекордер во европските купови

0
367

Голманот на Порто Икер Касиљас се запиша во историјата на Лигата на шампионите, одигрувајќи го рекордниот 175-ти натпревар во најпрестижното европско клупско натпреварување при поразот од Јувентус (0:1) во Торино во реваншот од 1/8-финалето од ова натпреварување сезонава.

Така легендата на Реал (Мадрид) го подобри постигнувањето на легендарниот дефанзивец на Милан Паоло Малдини од 174 средби во истото ова натпреварување.

35-годишниот голман со „кралскиот” клуб, за кој играше 16 години, го освои три пати трофејот во Лигата на Шампионите.