Илиевска и Чулакоски за проектите на Поинаку

0
292

– За време на кампањата и разговорите со граѓаните добивме одлични, реални и издржани предлози во однос на тоа како тие ја замислуваат и посакуваат Битола, како и за многубројните проблеми кои ги имаат.Затоа ние независната листа за советници, ви ги претставуваме петте нови итни проекти кои ќе паднат на буџетот на Општина Битола,меѓутоа предложени од битолчани.

1. Промена на старите фасади на сите колективни станбени згради во Битола постари од 30 години. Со промена на фасадите ќе се промени визуелниот изглед на старите згради, ќе се зголеми енергетската ефикасност, вредноста на индивидуалните станови и ќе биде едно големо финансиско олеснување за граѓаните кои не можат да си го дозволат ова.
2.Комунално уредување на дворните места пред сите колективни станбени објекти во Битола.
3. Организирање и подршка на најмалку 3 солидарни кујни за најзагрозените жители на Опшина Битола во соработка со здруженија и организации кои работат со ранливи групи на граѓани.
4.Обезбедување и изведба на нови паркинг стојалишта за таксистите во градот според бројот на издадени лиценци со што конечно би се ставило крај на дел од сообраќајниот хаос во Битола.
5.Изработка на нова урбанистичка документација за сите села и населени места во Општна Битола како олеснување на можноста за градба и планирање во селата, изјави Иван Чулакоски кандидат за советник

– Симболите на Битола, пред сѐ Пелистер и Широк Сокак, традицијата на урбана средина со епитетите „Град на конзулите“ и „Град на клавирите“ како и богатото историско и културно наследство прават Битола да биди посакувана туристичка дестинација. Од тие причини, туризмот мора да биде еден од носечките столбови за економскиот развој на градот кој ќе придонесе Битола да стани економски силна Општина.

Покрај сите природни убавини и културно-историски обележја, покрај неограничениот потенцијал и автентични туристички ресурси, Битола не смее да си го дозволи “луксузот“ да ја нема на туристичката мапа на Македонија, на Балканот. Од интерес на туристичките работници на Битола, на угостителите и на малите стопанственици, на занаетчиите и еснафот, но од интерес и на Општината е на туризмот да му се даде многу поголема важност и улога отколку досега.

Вклопувањето на манифестациите од забавен карактер од типот на „Бела ноќ“, или организирањето „Чкембаријада“ која ќе ги анимира угостителите во припрема и промоција на специјалитети карактеристични за нашето поднебје, се само еден сегмент во збогатувањето на организираната туристичка понуда под “капата“ на Општината и битолскиот еснаф.

Токму заради тоа, еден од приоритетите на нашата кандидатска листа за советници, е формирање Комисија за туризам во рамките на Советот на Општина Битола. Комисијата ќе има задача да му предложи на членовите на Советот да донесат Одлука за формирање Општински туристички сојуз и туристички инспекторат, отворање туристички инфо центар и продавници за сувенири.
Сметаме дека овој проект ќе биди добра основа и појдовна иницијатива која ќе придонесе за забрзан развој на туризмот во Битола. Исто како и на многу други области кои се од витално значење за животот на битолчани и за развојот на градот, и на перспективите на туризмот ние од ПОИНАКУ гледаме поинаку, изјави Габриела Илиевска носител на листа .