Илиевска и Ташков собираат потписи за локалните избори

0
1411

Тече 15-дневниот рок за увид во списокот за локалните избори. Граѓаните до 9-ти септември можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.Во меѓувреме се собираат потписи и за независни кандидати за градоначалници и за листа на советници.

-До денес како независен кандидат за градоначалник има поднесено лицето Кирчо Ташков, а Габриела Илиевска како носител на листа за членови на Совет. Граѓаните доаѓаат во просториите на ДИК во Битола и им ја даваат поддршката со својот потпис.Имаме најави и за други граѓани дека ќе поднесат иницијатива за собирање на потписи. За општина Битола како град со 80 до 100 илјади жители, потребно е да се потишат 350 граѓани, и тоа граѓани кои што се жители на Битола, изјави Стефан Чекутков, ДИК-Битола

Листите на кандидати за градоначалници и за советници, партиите треба да ги поднесат најдоцна до 14 септември. Граѓаните можат да проверат дали ги има на списокот, со што им е загарантирано правото на гласање.

-До денес во единствениот избирачки список на ниво на општина Битола се провериле оклу 1000 граѓани. Најдобро е да дојдат сите граѓани кои што ја промениле личната карта и адресата на живеење, да дојдат и да направат проверка дали ги има на списокот. Увид граѓаните можат да направат и преку интернет на веб страната на ДИК,вели Чекутков

Во избирачкиот список има 1.816.127 гласачи, а во него не се внесени 11.346 граѓани, од кои најголемиот број, 7.017, немаат живеалишта, а некои се избришани од подрачните одделенија по основа на смрт. Нераспределени, пак, се 1.418 лица, а на 672 им е регистрирано поништено живеалиште, а како причини зошто овие лица ги нема во списокот се наведуваат и одземената деловна способност, отпуст од државјанство или се избришани со акција за бришење.
Членовите на ДИК истакнаа дека презентираните бројки не се конечната форма на избирачкиот список и дека повторно ќе се проверуваат сите лица, бидејќи бројот на гласачите од МВР и од Државниот завод за статистика не се совпаѓа.

Увидот во избирачкиот список за локалните избори на 15 октомври ќе трае до 9 септември.

Без коментари