Илиевска за предметот во обвинителството

0
660

 

-Пред 6 месеци од истото ова место го прашав Градоначалникот на Битола Владимир Талески – Дали е точно дека против него и неговите соработници се води истрага од страна на Основното Јавно Обвинителство во Битола со помош на МВР Битола заради постоење на основи на сомнение дека се сторени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Несовесно вршење на службата.

– Дали е одземена или не оригинална документација од Општина Битола, за која документација станува збор, од кои сектори и кои се соработниците кои се опфатени со истрагата.

Одговор не добив ни јас ни граѓаните на Битола, чии пари Градоначалникот веќе 10 години ги троши.

Се потврди и од страна на обвинителството дека ваква истрага сепак се води, па затоа сега го прашувам Градоначалникот Талески,

-Дали по предметот кој во обвинителството носи број КО.бр.636/15 и истиот во моментот е отстапен на Специјалното Јавно Обвинителство во Скопје е подигнато обвинение против него, ако е, која е содржината на истото, дали е покренато обвинение против негови соработници од Општина Битола, кои се тие и што планира да преземе околу тоа понатаму.

Се надевам дека Градоначалникот Талески ќе ги испочитува Битолчани и ќе им одговори на овие на прашања на ист начин транспарентно како кога им кажуваше дека Битола ќе биде филмски и спортски град. И дека можеби предметот со КО.бр.636/15 е најголемиот негов проект за Битола, изјави Габриела Илиевска-советник ВМРО-НП