Илиевски ја потрвди „пензијата„: „Секогаш ќе бидам тука за мак-кошарката„

0
505

Јунакот од Литванија и моралниот водач на оваа генерација кошаркари, Владо Илиевски најтешко го доживеа поразот од Словенија, а со тоа и елиминацијата во првата фаза на ова големо натпреварување. Тој потврди дека овој меч му беше последен во дресот со државниот грб, а седмата сила со аплауз ја поздрави неговата последна прес-конференција како репрезентативец и капитен: „Словенците еа подобар тим и заслужено не победија. Тие дојдоа до водство уште на стартот, а ние се обидовме да се вратиме но без успех. Мислам дека бевме многу подобри од вчера, но шансата ја испуштивме против Грузија. На тој меч требаше да победиме, за денес да не одиме по потешкиот пат. Ова беше мојот последен меч за националниот тим, горд сум што бев тука со овие момци, посебно сега на оваој Евробаскет како капитен и лидер. Горд сум што бев дел од македонскиот тим и се надевам дека генерацијата ќе продолжи да игра на големите собири. Имав добри и лоши моменти, стекнав многу пријатели“ изјави со тешко срце и низ солзи Илиевски. Ова за него беше четврт Евробаскет, со што влезе во нашата историја како еден од најмаркантните ликови за нашата репрезентација.