Илијоски се „оштри„ и за реваншот против Трабзонспор

0
265

Работнички победи против Трабзон во Скопје со 1:0, но тоа нема да биде се од она што „романтичарите“ имаат намера да го покажат во пресметката со големиот ривал. Стрелецот на единствениот гол Баже Илијоски, вели дека Работнички ќе го нападне Трабзон и на реваншот во Турција. „Ќе одиме во Трабзон и ќе играме исто. Ќе ги нападнеме и нема да се бараниме и таму. Ќе играме како и денеска, со висок пресинг и ако успееме да постигнеме брз гол, патникот понатаму ќе бидеме ние“ вели Илијоски. Турскиот тим синоќа во Скопје успеа да направи само неколку шанси и полушанси, но и Работнички имаше уште две одлични можности за уште поубедлива победа. Сега останува да го дочекаме реваншот следната недела и да се надеваме на уште една одлична партија на нашиот евро-преставник.