Илинденски денови ја развеселија Битола

0
556

 

 

Заврши 46-то издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. Во ноќта спроти Илинден се случи спектакуларна ноќ, исполнета со звуците и танците на ансамблите од странство, со мајсторствата на Никола Мицевски и групата „Фонтана“ .

Пред доделувањето на наградите пред многубројната битолска публика, во Хераклеа се претставија интернационалните групи од Мексико, Северен Кипар, Баскија, Бугарија.

Според востановената традиција на последната вечер, пред бројната

публика во Хераклеа беа соопштени наградите за најдобрите учесници на

годинешниот фестивал. Со одлука на стручното жири, за најуспешна група која

на фестивалот во Битола презентираше традиционална музика и игра е

прогласен фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибања, за најуспешна група која

презентираше староградска музика и игра прогласени се членовите на КУД

„Далги“ од Охрид, за најуспешна вокална извеедба награда доби КУД „Вера

Јоциќ“ од Македонска Каменица, додека со одлука на стручното жири за

најуспешен автор што подготвил сценска адаптација прогласен е Валентин

Соклевски од Битола за сценската адаптација „Охридски староградски игри“ во

изведба на КУД „Илинден“-Битола.

На свеченото затворање, директорот на Битолскиот Центар за култура,

Борче Димитровски, истакна дека четиридневниот културен настан секоја

година е средба на традициите и вљубениците во фолклорот од Македонија и

светот.

Во чест на наградените се одржа концерт на македонски народни песни

на тема „Ноќ спроти Илинден“, проект на композиторот Никола Мицевски а во изведба на групата Фонтана и со прекрасните гласови на Наум, Зуица, Андријана и Кирил.

Тоа не беше обичен концерт, едногласни беа посетителите на завршниот фестивалски настан.

На фестивалот учествуваа над 1000 фолклористи од земјата и странство.

И оваа година фестивалот ги спои минатото и сегашноста, народите во светот, славејќи ги културните разлики.