Илиоски: Бесплатен здрав оброк за учениците

0
753

– Сакам да најавам еден проект кој се однесува диретно за нашите деца , кои што се во училиштата , проектот е за бесплатен здрав оброк за сите деца кои што посетуваат настава од прво до петто оделение, тој бесплатен здрав оброк ќе биде направен согласно луѓе, стручњаци, нутриционисти и адекватно прилагоден на нивната возраст, на тој начин ќе постигниме два ефекти , прво заштеда за домашниот буџет за родителите од прилика негде 600 денари месечно , и вториот што е уште поважен ефект е да децата добиваат здрава храна и децата да се научат на здрави навики за исхрана бидејќи на овај начин ќе добиваат оброк кој што е адекватен за нивната возраст и на овој начин ќе избегниме онаа т.н брза храна која што обично имаат намера или имаат можност да ја конзумираат нашите ученици. Проект кој што откако ќе почне да се реализира ќе се согледаат сите финансиски импликации и ефекти за кои што се постигнуваат на овој начин иако дозволуваат можностите до наредниот период ќе го прошириме и на повисоките одделенија во училиштата , изјави Зоран Илиоски кандидат за градоначалник