Илиоски на средба со претставници од Ромската заедница во Битола

0
1719

-Денес сме на средба со претставници од Ромската заедница од Битола и како кандидат за градоначалник сакаме да поразговараме за проблемите кои што ги имаат овие луѓе кои што живеат во овај дел од градот. Можам да гарантирам дека како иден градоначалник, како идно мнозинство во Советот на општина Битола ќе бидеме силен партнер во сите напори и во сите барани проекти кои што треба да се реализираат од страна на општината, за решавање на проблемите во овај дел од градот а ги има ова население. Инфраструктурните проблеми се детектирани, ние како општина ќе се залагаме максимално да се решат, бидејќи како иден градоначалник и како мнозинство во идниот Совет ќе се трудиме да ги решиме проблемите на граѓаните без оглед во кој дел од градот живеат. Гарантрирам како иден градоначалник дека не само граѓаните од Ромската заедница, туку сите граѓани ќе имаат еден силен партнер за посветено решавање на проблемите од секојдневното живеење, изјави Зоран Илиоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Битола.

Без коментари