Илиоски победник и на отвореното првенство на Грција

0
209

Помеѓу две трки од источно-европскиот шампионат, битолскиот мотокрос возач Христијан Илиоски учествуваше и победи на отвореното првенство на Грција во Јаница. Кико ја опиша трката и неприликите кои ги имаше и потенцираше дека овој викенд ќе му послужи пред трките на покомплицирани патеки и со поголема конкуренција: „Натпреварот кој се одржа во Јаница за мене беше добра трка. Саботата на квалификациите имавме убав топол ден со убаво припремена патека, па се возеше одлично и имав прво време во квалификациите. Но следното утро заврна многу дожд, па патеката стана многу полоша и се возеше по каллиц терен. По 10 минути имав пад, но моја предност беше тоа што моторот не ми изгасна и ја задржавпредноста. Но пред самиот финиш на 500 метри до последниот круг се лизнав и повторно паднав, но овај пат изгасна и моторот и завршив втор на целта со загубено драгоцено време. Во втората трка возев повнимателно и останав од почеток до крајот на првото место. Најважно е што на тешката патека направив добар тренинг и го донесов првото место на отворениот шампионат на Грција против добри возачи и многу подготвени тимови. Деновиве патувам за Србија, за Глобаре во рамките на источно-европскиот шампионат и исто така очекувам добар резултат и на таа трка„ потенцираше Илиоски. Видлив е неговиот подобар резултат со новиот мотор и со оптимизам најдобриот македонскио мотокрос возач гледа на иднината.