Илиоски за два проекти за ТППЕ во Битола

0
736

– Во нашата програма за локалните избори имаме конкретни и реални проекти, припремени и базирани на истражување базирани на искуство и со реална реализација. Од областа на противпожарната заштита имаме два проекти кои што се поврзани со финансиска и директна помош, едниот проект е за реконструкција на зградата на противпожарната единица во општина Битола, со надградба на овозможување на услови и подобро функционирање и работење на пожарникарите. Вредноста на овој проект изнесува 12 милиони денари. Вторниот дел од помошта за подобро функционирање на противпожарната едница во Битола е купување на опрема за функционирање на таа единица во вредност од 12 милиони и 300 илјади денари. Исто така ќе опфатиме и трет сегмент каде што ќе го помагаме доброволното противпожарско ангажирање, со ангажирање на доброволци кои што ќе бидат обучени за во случај на нарочито шумски пожари, наши граѓани кои што сакаат да помогнат, овие се проекти кои што се реални, ова се проекти кои што се остварливи, овие се проекти за сите граѓани на општина Битола, изјави Зоран Илиоски кандидат за градоначалник на Општина Битола

Без коментари