Илиоски за инфраструктурата кај Златен рид

0
852

-Поранешната битолска касарна, денес веќе новата населба Златен рид во следните четири години ќе доживее градежна експанзија.Овде ќе продолжиме да создаваме услови за нови колективни и индивидуални градежни инвестиции кои индиректно ќе значат раздвижување на  економијата на целата Општина Битола.Ќе изградиме и асфалтираме уште три нови улици, а ќе биде изградена и атмосферска канализација за 13 улици, во вкупна вредност од 53.000.000 денари.За блоковите АРМ 1 и АРМ 2 предвидуваме и изградба на нова нисконапонска кабловска мрежа и улично осветлување во вредност од 7.350.000 денари.Урбанистичкото планирање е важно за раздвижување на градежниот сектор.

Во мојот мандат предвидувам и донесување на Генерален урбанистички план, како основен и клучен документ во натамошниот урбанистички развој на  Битола, изјави Зоран Илиоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Без коментари