Илиоски за локалниот економски развој

0
128

-Сакам да најавам дека одделението за локален економски развој во општина Битола, ќе го зголемам со капацитет, со луѓе кои што имаат искуство во привлекување на инвестиции , луѓе кои што во минатото се докажаа, луѓе кои се битолчани и кои што се сложија да учествуваат во проектот за појачано привлекување на инвестиции во Општина Битола.

Планираме врз основа на агенда, врз основа на нивното искуство да ги посетиме сите збратимени градови кои што ги имаме како општина Битола, да направиме поголеми конаткти со стопанството од тие градови и посебно независно од тие посети , самите тие луѓе со нивното искуство да разговараат со компании кои што ќе бидат заинтересирани да вложуваат во Општина Битола.

Дали тоа ќе биди во индустриската зона Жабени или во други капацитети, најважно е да најдиме начин , да привлечиме повеќе инвеститори кои ќе вложат во градот и со кој што ќе се отворат нови работни места , изјави Зоран Илиоски кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

 

Без коментари