Илиоски за сообраќајните решенија

0
1664

„Во нашата Програма за Битола предвидуваме неколку инфраструктурни и сообраќајни мерки кои ќе значат побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ градот и истовремено намалување на е мисијата на штетни издувни гасови од моторните возила. Ќе направиме целосна промена на сообраќајниот режим согласно веќе изработената Сообраќајна студија со воведување нови еднонасочни улици. Ќе изградиме три нови кружни текови , на крстосницата кај Техничкиот факултет, кај Клиничката болница и Ветеринарната станица. Ќе направиме велосипедски патеки на улиците Васко Карангелевски, Партизанска, Булевар Први Ма. Сите овие мерки се стручно анализирани, точно пресметани и конкретно остварливи . Се што ќе правиме , ќе правиме отворено, транспарентно и во постојана консултација и партнерство со вас, почитувани Битолчани. Битола е на сите“ рече Зоран  Зоран Илиоски – Кандидат за градоначалник на Битола.

Без коментари