Илјадници бегалци чекаат за влез во Македонија

0
149

УНХЦР соопшти дека околу 30 илјади бегалци чекаат на грчка страна за влез во Македонија. Додека напливот расте, Канцеларијата на високиот комесар за бегалци при ООН апелира за решение од земјите –членки на ЕУ. УНХЦР изрази загриженост дека многу земји на ЕУ и понатаму немаат соодветно решение за давањето азил за бегалците.

„Рекорден број бегалци пристигнаа вчера во Македонија, а околу 30 илјади и понатаму чекаат на грчките острови, вклучувајќи и 20 илјади на островот Лесбос. Преговорите во Европа за бегалците се интензивираат оваа недела, бидејќи не е можно германско решение за проблемот на Европа. Треба да се отворат прифатни центри во Унгарија и Грција. Државите можат да функционираат само ако постои сигурен систем за распределба, при што земјите ќе кажат –  да, ние ќе прифатиме толку бегалци.“

Во Германија постојат расте бројот на пристигнати бегалци. Властите се мобилизирани за поставување големи кампови како оној во Дрезден. Германија ги разгледува барањата за азил и само оние што избегале од војна ќе останат во Германија.