Илјaдници неисправни наоди, зголемени количества манган и нитрати, матна и бактериолошки неисправна вода

0
345

Податоците за водоснабдување на селските населби се селектирани во однос на тоа дали се приклучени на градските водоводи, или се снабдуваат од сопствен водовод, или од локални објекти (бунари, пумпи, селски чешми, кладенци, сл).

Од евалуацијата на податоците од извештаите на Центрите за јавно здравје за 2014 година се констатира следнава состојба:

На градските водоводни системи се приклучени околу 213.422 жители. Извршени се 141 санитарно‐хигиенски увиди и земени се вкупно 1.926 примероци. Во однос на физичко‐хемиската исправност констатирани се 17,1% неисправни примероци од вкупно анализирани 1.907 примероци вода, главно заради зголемена матност, како и отсуство или намалена содржина на резидуален хлор во водата за пиење или зголемена потрошувачка на KmnO4, додека од анализираните 1926 примероци вода за бактериолошките параметри, неисправни се 9,4% од вкупниот број примероци.

http://emagazin.mk