Илјадници вчера маршираа со Анонимус во Лондон

0
400

Британската полиција соопшти дека вчера на протестите во Лондон уапсила 47 припадници и поддржувачи на хактивистичкиот колектив Анонимус.

Илјадниците демонстранти од кои многумина ја носеа познатата маска со ликот на Гај Фокс, учествуваа во маршот против корупцијата во политиката, корпоративната алчност, мерките за штедење, ерозијата на граѓанските слободи, масовното надгледување и бројни други проблеми.

Британски Скотланд јард воведе строги рестрикции на годинешниот протест откако „маскираните“ минатата година се обидоа да влезат во владини згради, се судрија со полицијата која им го блокираше патот, палеа ракети за огномет, кршеа прозорци и запалија полициски автомобил.

Протестот годинава беше контролиран од околу 2.000 полицајци. Почна на Трафалгар сквер и се пресели пред британскиот парламент. Демонстрантите извикуваа „Чии се улиците? Наши се улиците!“ и „Едно е решението – револуција“, под придружба на лондонската полиција.

„Додека повеќето демонстранти беа мирни, имаше групи кои предизвикуваа немири и одреден број ракети за огномет кои за среќа не резултираа со повреди“, соопшти Скотланд јард.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY