Им порачав на лидерите СЈО да работи непречено

0
301

По средбите со лидерската четворка, потписници на Договорот од Пржино, премиерот Емил Димитриев, граѓанскиот сектор и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, еврокомесарот Јоханес Хан порача дека оваа посета ја остварил за да покаже дека значителниот процес до изборите ЕУ и понатаму будно го следи.

Хан вели дека изборите се многу важни за за враќање на земјата на евроатлансткиот пат, но исто толку важни се и Итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе. Според него многу е важно добро да се подготват и спроведат изборите во декември за после нив никој да нема забелешки. Пред политичарите повторно потенцирал дека работата на специјалната обвинителка и нејзиниот тим биде поддржана, а за истото бил уверен дека ќе биде така.

-Важно е да се почитува работата на СЈО и бев уверуван дека тоа ќе продолжи да си ја врши работата непречено, изјави Хан.

Тој потенцираше дека увидел и напредок во земјата особено кога станува збор за медиумите, но рече дека тие ќе треба да го дадат својот придонес за непристрасно известување.

Во изјавата по средбите, Хан дополни дека Македонија и регионот добиле на репутација во справувањето со мигрантската криза и дека земјата треба да го искористи тој моментум за да се врати на европскиот пат.

Хан одговори на две новинарски прашања, образложувајќи дека треба итно да замине.

Без коментари

LEAVE A REPLY