Им репетирал пиштол со закана дека ќе ги убие

0
1238

СВР Битола поднесе Кривична пријава против Н.С (30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “Насилство “.
Пријавениот на 11.03.2016 година пред ноќен клуб “Расчекор” ја загрозил сигурноста на повеќе лица вработени како обезбедување во клубот на начин што извадил пиштол ,го репетирал и се упатил према нив заканувајќи се дека ќе ги убие, со што извршил грубо насилство , а во јавноста предизвикал чувство на страв и несигурност.
Од страна на судија на предходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 8 дена.

Од полицискиот билтен и следниве информации.

СВР Битола поднесе Кривична пријава против лицето В.М(20) од Битола и НН сторители, заради постоење основи на сомнение дека пријавениот со цел да прибави противправна имотна корист на 26.12.2015 година извршил “Тешка кражба “ во куќа на ул.”Трајче Стефановски “ во Битола, на начин што се качил на балконот од спалната соба и со употреба на сила делувал на истата, ја отворил ,влегол и од регалот во спалната соба одзел 10.000 евра, како и златен прстен, ланце и белегзија и кожно чанте за појас, притоа прибавувајќи имотна корист од 630.000 денари.
Од изнесеното постои основ на сомнение дека пријавениот сторил Кривично дело “Тешка кражба” по чл.236 ст.1 од Кривичниот Закон на РМ.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.М. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот на 22.01.2016 година склучил договор за наем на патничко возило „Шкода Рапид“ со правен субјект од Битола за период до 25.01.2016 година. Истиот не го вратил возилотово наведениот рок, а неколку дена подоцна се јавил телефонски од Германија и го известил управителот на фирмата дека бил пресретнат од непознати лица кои му го одзеле патничкото возило. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 520.000 денари.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.К. (54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 18.02.2016 година, околу 20.00 часот во Битола на ул. „Питу Гули“, пријавената со запаливо средство предизвикала пожар во станот на нејзиниот син З.К. (29) од Битола при што изгорел поголем дел од покуќнината причинувајќи штета во износ од 100.000 денари.