Има ли пластика во чоколадите „МАРС“ во Македонија?

0
700

Во повлекувањето на чоколадитe марс, сникерс, милки веј и минијатурис, се вклучени само оние чоколади што се произведени во фабриката „Марс” во градот Вегел во Холандија. Тие се и главните снабдувачи со овие чоколади за земјите од Европа и во дел од азиските земји. Во повлекувањето не се опфатени производите што произведуваат во централата „Марс“ во Америка, пренесуваат странските медиуми.

Засега е издадена наредба од компанијата за повлекување на чоколадитe сникерс, марс, милки веј и минијатурис во 55 земји во Европа. Во Велика Британија, Холандија, Шпанија, Италија, Белгија и Франција, Агенциите за храна веќе ги повлекле чоколадните барови сникерс, марс и милки веј. Агенцијата за храна во Велика Британија стандарди на храната дополнително ги советува потрошувачите да не ги јадат овие чоколади и за било каков проблем да се обратат до тимот за заштита на потрошувачи на компанијата Марс. Наредбата зa повлекување е за производите со рок на трање помеѓу 19 јуни 2016 година и 8 јануари 2017 година. Од централата во Америка, соопштија дека можеби наведените рокови не се исти во сите земји, но овој долг период на рокови е избран за да бидат сигурни дека сите потенцијално спорни производи ќе бидат повлечени.

Има ли во Македонија од спорните чоколади?

И додека во европските земји и покрај тоа што компанијата Марс засега не  е  стопроцентно сигурна дека во сите пратки со овој рок има пластика, сите производи веќе се повлекоа, македонската Агенција за храна и ветеринарство смирува дека сеуште нема добиено преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на Европската Унија, дека овие чоколади се небезбедни.

-Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата производител, поради појава на пластика во производите. Доколку  добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија дека небезбедни производи од овој производител се наоѓаат на македонскиот пазар, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе постапи соодветно и истите ќе ги отстрани од пазарот, се вели во соопштението од АХВ.

Потрошувач во Германија најде црвена пластика во чоколадото „Сникерс

Повлекувањето на чоколадите  доаѓа откако потрошувач во Германија нашол црвена пластика во чоколадото Сникерс, која како што посочија од странските агенции за храна може да предизвика гушење.

Како што пренесуваат странските медиуми, производот бил веднаш вратен во фабриката во Холандија. Од фабриката „Марс” Холандија посочија дека не можат да бидат сигурни дали сите производи имаат пластика, но заради безбедноста на потрошувачите ги повлекуваат сите.