Има многу пи*ки во кампањата во САД

0
410

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја шокираше новинарката на CNN, Кристијан Аманпур со зборовите дека во претседателската кампања во САД се појавиле премногу „пи*ки“.
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи прокоментира дека не им завидува на преведувачите. Таа предвидува дека на неговите зборови долго ќе мислат и политичарите и сексолозите.

Запрашан од новинарката на CNN да го прокоментира скандалот со кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, поврзан со записи од 2005 година, во кои тој зборува за сексуално малтретирање над жени, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров направи изјава што предизвика смеа кај Аманпур и донекаде ја засрами.

– Англискиот не ми е мајчин јазик и не сум убеден дека моите зборови ќе звучат пристојно. Има толку многу „пи*чки“ (зборот кој го користи на англиски е „Pussies“) на двете страни на претседателската кампања дека преферирам да не коментирам, изјави Лавров.

Без коментари

LEAVE A REPLY