Има услови за избори, ЕУ и САД немаат аргументи

0
506

Услови за фер и демократски избори има, а САД и ЕУ немаат кредибилни аргументи дека земјата не е подготвена за избори, туку тоа е нивна политичка одлука, соопшти владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според партија, СДСМ бега од избори и сака да ја продолжи кризата, затоа што знае дека ќе изгуби.

„Претставниците на САД и ЕУ не презентираа ниту еден сериозен и кредибилен аргумент во прилог на тезата за неподготвеноста на Република Македонија за избори со што е јасно дека станува збор за проценка базирана на политичка одлука, а не факти“, се наведува во соопштението.