Има услови за избори

0
384

Услови за избори има и изборите мора да се одржат. На нив може секој да учествува, а и неучество на избори е одлука, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

“Го повикувам лидерот на СДСМ Зоран Заев да ја повлече одлуката, бидејќи ова не е битка на Груевски и на Заев. Тука се работи за секој еден граѓанин, за вас новинарите кои сте пред мене, за граѓаните кои ме среќаваат секој ден, за цела Македонија, и затоа ние одлучивме да ставиме крај на агонијата и на кризата на ваков начин. Доста беше. Одиме на избори. Одиме на избори и нека победи подобриот, нека победи тој во кого граѓаните имаат поголема доверба. Народот сака оваа криза да заврши”, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.