Имало интерес за подземен катастар

0
353

Агенцијата за катастар на недвижности, работи  на изработка на подземен катастар за кој интерес покажале неколку македонски компании кои вршат упис и вложуваат за премер на сопствената инфраструктура. Во 2013 стапи на сила правилникот за премер на подземниот катастар со кој што се утврдени правилата врз основа на кои геодетските фирми може да стартуваат со мерење на сите инфраструктурни објекти на компаниите, во 2014 се направиле сите технички предуслови , а сега се прави упис на објектите во инфраструктурата.

– Сите нови инфраструктури што сега се проектираат и се градат по автоматизам се запишуваат во катастарот. Додека сета онаа постојана инфраструкттура оваа година започна голем премер. ЕВН Македонија распиша тендер, од 2 милиони евра за целокупната своја инфраструктура, македонски Телеком околу 1 милион евра за неговата инфраструктура, па МЕПСО и потоа сите водоводни претпријатија низ цела Македонија, изјави Славче Трпески директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Компаниите мора до април 2017 год 40% од својата инфраструктура да ја запишат во катастарот а до април 2019 целокупната своја структура да ја запишат во катастарот

-Станува збор за стотици милиони километри инфраструктура што треба да се премерат. Зборуваме за целокупната инфраструктура во делот на електричната енергија, во делот на телекомуникациите и во делот на гасоводните мрежи, патиштата, водоводните мрежи . Потоа откако ќе се премерат километрите на инфраструктура, треба да се донесат решенија и да се запишат во катастарот, додаде Трпески .

Со овој процес првпат како што рече Трпески, се прави тридимензионално мерење, односно покрај должината и ширината  се мери и висината.