Имам убиен во Њујорк, ранет уште еден човек

0
789

Имамот на една џамија во њујоршкиот кварт Квинс е убиен во пукање, а уште едно лице е хоспитализирано во критична состојба, пренесува во саботата вечерта телевизиската мрежа NBC повикувајќи се на полициски извори и очевидци.

Телевизијата објави дека инцидентот се случил само два блока од џамијата Ал-Фуркан Џејм Масџид во областа на Озон парк. Полицијата пристигнала на местото на настанот по 14 часот по локално време (20 часот по македонско).

Според The New York Times, покрај имамот погоден е и неговиот помошник, кога оделе кон џамијата на попладневната молитва.

Десетици гневни њујоршки муслимани се собрале на местото на убиството, и се убедени дека станува збор за убиство од одмазда. Еден од нив во изјава за весникот рекол дека го обвинуваат републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп зашто создал атмосфера на исламофобија во САД.

Изворите на NBC News навеле дека на двајцата мажи им било пукано во главите. Прелиминарните сознанија на истрагата укажуваат дека станува збор за ограбувач кој дејствувал сам.

Очевидци го опишале напаѓачот како висок латино тип, со голем пиштол облечен во темна кошула и куси панталони. Полицијата засега тврди дека не станува збор за убиство од одмазда.

Локалните жители го опишале имамот како побожен и почитуван член на заедницата, кој за десетина дена требало да замина за Бангладеш за присуствува на свадбата на неговиот син, а со џамијата раководел од пред четири години. /крај/мф/сн