Имаме доволно докази и очекуваме правда

0
375

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во интервју за МРТВ рече оти верува дека судот ќе отвори случај за нивните обвиненија, бидејќи имаат доволно докази за предметите. Освен прислушкуваните материјали, Јанева вели оти имаат и сведоци и документи на кои ги засноваат обвиненијата.

Во тој поглед специјалната јавна обвинителка уште еднаш апелираше Собранието да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоци.  Таа најави и дека ќе присуствува на разгледувањето на вториот извештај на СЈО, пред Советот на јавни обвинители и Собранието.

-Сакам да го презентирам извештајот и пред Советот на обвинители и пред Собранието за да ја интевизираме нашата соработка, а пред се за да апелирам за донесувањето на измени за законот за заштита на сведоците и пролонгирање на рокот за истраги. – рече Јанева.

На прашањето дали се соочува со притисоци, обвинителката одговори: Мирно спијам навечер бидејќи совесно си ја вршам работата, но не можам да сум мирна дури нашите сведоци се незаштитени.