Имаме проблем со неискреноста на ВМРО-ДПМНЕ

0
592

-Најважно е да бидете искрени кога навистина сакате да решите нешто. Очигледно се што имавме во изминатиот период далеку од тоа е дека можеме да го поврземе со искреност кога стануваше збор за владеачката партија, односно ВМРО-ДПМНЕ. Според мене искреност е кога имаме институција како што е Советот на Битола и кога го повикувате градоначалникот да ги даде вистинските одговори на прашањата: Каде се парите на граѓаните и каде се потрошени? Да не добивате глумачки монолози. Да не добивате одговори на прашања кои што претходно барате да ви бидат пишуване. Искреноста мора да постои ако искрено сакате да ги решите проблемите на граѓаните. Вториот суштински проблем кој што е присутен не само во Битола, туку и на ниво на цела држава , она за што сте се обврзале , да го почитувате. Факт е дека ние сеуште имаме непрочистен избирачки список . Со таков список не можеме да одеме на избори, и за кои би очекувале да бидат фер и демократски. Треба реално да се изврши прочистување на избирачкиот список, и да одиме сите на избори кој што би биле фер и демократски и да победи подобриот, изјави Наташа Петровска, советник од СДСМ-Битола