Имавме интересна и солидна дискусија

0
276

„Денеска не можам да дадам никаков коментар, имаше многу интересна, многу солидна дискусија, но не можам ништо да коментирам, извинете заради тоа. За заклучоци ќе мора да почекаме малку, бидете трпеливи“, изјави за Телма белгискиот експерт Питер Ванхојт, откако заврши средбата на работната група.

Како што јави телевизијата, само час и половина им беа доволни на претставниците на четирите политички партии да се запознаат со можностите за позиционирање на Специјалниот јавен обвинител. Партиските тимовите што се задолжени за спроведување на Договорот од Пржино повторно не дадоа детали за текот и содржината на разговорите.

Средбата започна од 20 часот, а освен Ванхојт како олеснувач на дијалогот за специјалниот обвинител  бил присутен и американскиот експерт Саливан.

Денеска се очекува преговарачките тимови да се вратат на прашањата врзани за изборните правила. Избирачкиот список најверојатно ќе се реши со законска обврска на секој полнолетен граѓанин да се пријави, да остави отпечаток од прстот, а потоа ако сака ќе излезе или не на изборите договорени за април.

Без коментари

LEAVE A REPLY