Имобиле ја спаси Италија

0
371

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Италија 2-3 (0-1), во третото коло, во Г групата, во квалификациите за Светското првенство. Македонија одигра одличен меч, против фаворитот имаше водство 2-1, но во периодот од 83-та до 91-та минута Имобиле успеа да го спаси четирикратниот светски првак.

Двете селекции започнаа во 3-5-2 формација, Македонија со една измена во составот од оној против Израел, Спировски го зазеде местото на Петровиќ. Кај Италија селекторот Вентура на клупата ги остави Пароло и Де Роси, а во врвот на нападот започнаа Белоти и Имобиле.

Македонија прва се закани, во втората минута Пандев по двојното проигрување со Несторовски влезе во шеснаесетникот но Буфон беше побрз и не му дозволи на македонскиот капитен да упати удар.

Потоа Италија ја презеде контролата врз топката, но без конкретна закана голот на Богатинов. Македонија добро делуваше во дефанзивата заворајќи ги сите приоди кон сопствениот гол.

Првата голема шанса на натпреварот, во 17-та минута, ја имаше Несторовски, кој уште еднаш потврди дека игра во голема форма. Напаѓачот на Палермо од свртување со полуволеј од 23-24 метри упати страотен удар, Буфон беше совладан, но топката наместо во голот заврши во гредата.

Веднаш потоа Италија се закани преку Имобиле, но неговиот удар повеќе наликуваше на додавање, а Богатинов лесно се справи со тој обид.

Шест минути подоцна првата вистинска акција на Италијаните, Кандрева нафрли на подалечната статива, а ударот на Имобиле Богатинов го исфрли во корнер. Кандрева го изведе корнерот, нафрли во срцето на шеснаесетникот, каде Белоти меѓу четворица дефанзивци на Македонија стигна до неа и од седум-осум метри ја закова топката во голот.

По постигнатиот гол Италија уште повеќе ја „спушти топката“, трпеливо градејќи ги нападите, но без конкретен резултат.

Македонија изведе опасен контранапад во 42-та минута, Алиоски нафрли пред голот на Италија, а ударот на Несторвски заврши во добро поставениот Буфон.

Во следната минута Кандрева го измеша Жута а нафрлената топка малку ја допре Богатинов доволно да го измами Бонавентура чии обид заврши во гол аут.

Вториот дел започна со измена во македонската репрезентација, Ибраими го замени Жута и со конкретна закана на избраниците на селекторот Ангеловски.

Мојсов упати опасен удар кој кој заврши крај голот на Буфон.

Израмнувањето дојде во 57-та минута, Несторовски повлече према напред откако не доби поддршка реши сам да звршува, се ослободи од Ромањоли и од 16 метри пласираше во левиот агол.

Две минути подоцна Хасани го комплетираше „блиц кригот“ на македонската репрезентација. Контранападот во кој учествуваа Несторовски и Пандев, со гол го заврши Хасани, кој погоди на истото место како и Несторовски претходно.

По стеченото водство македонските репрезентативци се растрчаа по теренот, ошо биеше со целосно ја контролираа играта, а Мојсов во 72-та минута имаше „мртва шанса“, но лошо биеше со глава и Буфон одбрани.

Италија израмни во 74-та минута, Имобиле, Пароло и Кандрева ја изиграа одбраната на Македонија, а напаѓачот на Лацио израмни на 2-2.

Италија во 83-та минута имаше две добри шанси, обидот на Кандрева Богатинов го исфрли во корнер, а по корнерот Пароло со глава биеше во добро поставениот голман на Македонија.

Италија до победата дојде со голот на Имобиле, кој дојде како резултат на лошата поставеност во одбраната на Македонија. Сансоне нафрли од левата страна, Кандрева осамен ја прими топката, ја префрли на подалечната статива каде напаѓачот на Лацио лесно го совлада Богатинов.

Голот на Имобиле предизвика ерупција од воодушевување на италијанската клупа, небаре азурите ја освоиле европска титула.