Имотите на градоначалниците од регионот

0
822

Градоначалникот на Битола во анкетниот лист за имотната состојба има пријавено од недвижен имот како личен имот два стана од 70 и 52 м2, едниот вреден 2.196.492 денари, другиот 1.589.420 денари, потоа стан имот на брачен друга вреден 3.997.500 денари, два од становите стекнати со договор за купопродажба, а еден со наследство. Пријавен автомобил марка Цитроен Ц5 вреден 679.800 денари, стекнат со договор за купопродажба. Пријавил и благородни метали накит вреден 360.000 денари како имот на брачен другар и стекнат со наследтсво и две денерски платежни картички личен имот и имот на брачен другар. На неговата 2.969.317 денари, а на брачниот другар 764.255 денари и еден кредит од 2009 година на 5 години во висина од 1.009.209 денари.

Screenshot from 2016-02-19 12:03:01

Градоначалникот на Ресен има пријавено четири двора, еден во Битола, еден во Царев двор и два во Ресен, вредноста од 300.000 до 1 милион денари.  Исто така има и четири куќи, две во Ресен, една во Битола и една во Царев двор. Најмалата вредност 2 милиони, а најскапата 12 милиони денари, има и стан во Битола вреден 1 800.000 денари. Има овошна градина, два деловни простори, земјиште, машини и друга опрема. Пиштол Бровинг вреден 15.000 денари, стекнување со договор за подарок. Има Опел астра 2008 година, вредна 400 илјади денари. Од закупнина од деловен простор годишни добива 60.000 денари, а приходи од земјоделски дејности 200.000 на годишно ниво. На две денарски штедни книпки, на негово име и на име на брачниот другар, 600.000 денари на негово име и 185 илјади денари на брачниот другар, основ за стекнување, наследство. Дел од имотот што го пријавил е стекнат од наследство или со договор за купопродажба.

Screenshot from 2016-02-19 12:05:22

Градоначалникот на Прилеп во анкетниот лист за имотната состојба пријавил куќа со  двор и придружни простории во Прилеп со вредност од 1.950.000 денари, стекнување со договор за продажба, моторно возило КИА Спортиџ вредно 1.018.000 денари ( без податок за сопственост), а стекнато со договор за купопродажба  и кредит од 344.600 денари ( 2011-2016 ).

Screenshot from 2016-02-19 12:04:38