Имотно – правни и катастaрот, со заеднички отворени денови

0
733

Управата за имотно- правни работи и Агенцијата за катастар и недвижности, од годинава со зеднички „ Отворени денови “ , зошто во пракса се покажало дека граѓани одат во управата со прашања за катастарот и обратно. Со цел да нема лутање, денеска се примаа странки, а ги пречекуваа вработени во имотно правни и катастарот. Одделот за имотно правни работи во Битола добил голем наплив од барања за приватизација во изминатиов период.

zoran krstanoski

Вкупно 26 000 барања за приватизација беа поднесени до Управата за имотно правни работи најголе наплив за што околу 8000 предмети беа распределени до други подрчни одделенија, вели зоран Крстаноски директор на Управата за имотно правни работи.

Овие две институции преку Измените на законот за приватизација кој стапи на сила на 4 септмеври годинава им даваат можност на граѓани, иматели на неизградени градежни парцели да си ги приватизираат истите.

Крстановски потсети дека токму идеата за овие измени дошла од граѓани на Отворените денови, додека Трпеноски од катастарот, појасни дека многу малку документација е неопходно за овие граѓани, си станат сопственици на своите неизградени градежни парцели.

Одделот на Агенцијата за катастр во Битола е еден од подобрите имајќи го предвид фактот што за 9 месеци од оваа година имале решено 70 000 предмети.Покрај тековните работи се врши и проектот за дигитализација на катастарските парцели кој треба да заврши во целост до крајот на оваа година.

slace trpeski

Славчо Трпески директор на Агенцијата истакна дека сега е отворена можност за легализација на инфраструктурните објкети во Битола ги има околу 46.

Трпески ги повика граѓаните кои сеуште немаат доставено геодетски елаборати за легализација на диво изградени објекти тоа да го направат до 31 декември годинава, како и граѓаните во социјален ризик бесплатно да го добијат тој елаборат.